Технолошките моќници Закерберг, Безос и Маск во понеделник ќе дојдат на инаугурацијата на Трамп

14. 01. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Технолошките моќници Закерберг, Безос и Маск во понеделник ќе дојдат на инаугурацијата на Трамп

Извршните директори на Тесла, Амазон и Мета ќе бидат истакнати гости на инаугурацијата на Трамп, ќе седат покрај одредени членови на неговата нова администрација и други функционери, според NBC News, кој прв ја објави веста. Споменатите компании сè уште не одговориле на барањето за коментар.

Амазон на Безос и Мета на Закерберг се меѓу компаниите кои донираа по еден милион долари за инаугурацијата на Трамп. Маск, шефот на Tesla, SpaceX и X, потроши повеќе од четвртина милијарда долари за да му помогне на Трамп да биде избран во ноември минатата година.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата