Илиевски: СДСМ бара одговорност од Тошковски поради нарушената безбедност и пропустите во Кочани

Од:

Тешката трагедија во Кочани што ја потресе целата држава и во кој трагично го загубија животот 59 млади луѓе, а над 200 беа повредени – ѓи разоткри пропустите во институциите но и колапсот на безбедносниот систем. Затоа е потребна одговорност особено во врвот на МВР и БЈБ, вели потпреседателот на СДСМ Методоја Илиевски.

– После катастрофалната трагедија во Кочани, продолжија серија на безбедносни инциденти. И тоа : пукања со огнено оружје, убиства, сообраќајќи, прегазени луѓе на улиците, се нашето секојдневие. Пред само неколку дена вработена во прилепскиот Центар за социјални работи беше ранета откако во неа беше пукано со огнено оружје. Исто така се пукаше и во с.Моране, каде што беше повредено едно лице.Безбедносниот системот целосно потфрли. Превенцијата која што е директна надлежност на МВР и Панче Тошковски затаи. Контролите ги нема. Затоа СДСМ бара: оставки и одговорност од раководството на МВР на чело во Панче Тошковски, рече Илиевски

Би можело да ве интересира

Тошковски обвинува за координиран опозициски напад кон него, СДСМ му порача дека има панични испади

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

Пријави за учесниците во протестот кои го демолираа кафулето на сопственикот на „Пулс“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

Катерина Ѓуровски

Левица: За Тошковски засилените контроли беа само пи-ар – билтените на МВР повторно со црни статистики