• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на бизнисот

Политико: Маск наскоро ќе се повлече од челното место во  ДОГЕ, се враќа на бизнисот

Вашингтон, 2 април 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на членовите на неговиот кабинет и на други блиски соработници дека Илон Маск, шеф на Одделот за ефикасност на владата на Соединетите Американски Држави ДОГЕ (DOGE), наскоро ќе се повлече од позицијата, објави денеска американскиот портал Политико, повикувајќи се на три извори блиски до Трамп.

Според Политико, Трамп и Маск неодамна се договориле милијардерот да се врати на своите приватни бизниси.

Во моментов ниту Белата куќа, ниту Маск, не го потврдија пишувањето на порталот.

ДОГЕ е основана со цел да се намали трошењето на владините агенции, како и да се распуштат оние чии улоги се покажаа како вишок.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан