Емотивно: Дончиќ плачеше како дете при видеото со најдобрите моменти од Далас

Лука Дончиќ беше во центарот на вниманието на синоќешното гостување на ЛА Лејкерс во Далас, прв меч за Лука во градот каде израсна во НБА супер-ѕвезда.

Навивачите од самиот почеток ставија до знаење дека тој се уште им е главен миленик во лигата, без оглед што сега игра за друг тим, а пред натпреварот беше објавено специјално видео од најдобрите моменти на Лука во дресот на Далас. Дончиќ седеше на клупата не криејќи ги солзите, тие две минути беа крајно емотивни за Словенецот… кој потоа излезе на теренот и со 45 поени ја „поздрави“ управата потсетувајќи ја што загубила со шокантната одлука за трејд пред еден месец.

„Кога го гледав видеото си милев… нема шанси да излезам и да го играм овој натпревар. Моите соиграчи беа тука за мене, ми дадоа поддршка кога ми требаше, навистина го ценам тоа. Јас сум го сакам овој град, ги сакам овие навивачи. Толку многу емоции што не можам да ги објаснам, дојдов во Далас на 18 години, не знаев што да очекувам од НБА, а тие веднаш ме прифатија и направија да се чувствувам како дома. Тоа нема да им го заборавам никогаш“, емотивен беше Дончиќ и на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...