Вечерва, поради најавениот протест на граѓанската иницијатива „Кој е следен“, повторно е воведена забрана за летање на дронови над подрачјето на Центар, Скопје.
Истата ќе биде активна до утре (11.04.2025) до 19:00 часот.
Граѓаните се повикуваат на мирно и достоинствено изразување на својот став, а операторите на дронови – да ја почитуваат забраната за лет во наведената зона.
Протестот е закажан за во 18 часот пред Влада, од каде демонстрантите ќе се упатат кон Судски совет, потоа до Собрание и на крај завршуваат пред Кривичниот суд.
Од иницијативата велат дека иако системот заборава, тие не забораваат.
„Ние ја паметиме секоја колективна траума што политичарите ја користат за поделби. Секоја лага што ја шират за да нè исплашат, секоја неправда со која сакаат да нè замолчат“, велат тие..