Не пуши цигари и не пие алкохол, но не крие дека е љубител на брзата храна и газираните сокови – Доналд Трамп и покрај ова е во одлично физичко и когнитивно здравје. Претседателот на САД кој има 78 години го поминал лекарскиот преглед во Белата Куќа каде на 20 јануари го почна својот втор мандат.
Претседателот Трамп е во одлично когнитивно и физичко здравје и целосно е способен да служи како шеф на државата и врховен командант на вооружените сили, се заклучува во медицинскиот извештај.
Тој го помина лекарскиот преглед во воената болница Волтер Рид во близина на Вашингтон и уште во петокот после прегледот самиот кажа дека е во одлична форма.
Во деталниот извештај лекарот на претседателот Шон Барабела прецизира дека Трамп има 101 килограм, се консултирал со најмалку 14 специјалисти и поминал комплетен невролошки преглед. Трамп е во одлично здравје, со силна срцева, градна и невролошка функција, наведува неговиот лекар и додава дека е добро што претседателот е активен и игра голф, а за резултатите од контролата на крвта рече дека сите параметри се во границите на нормалата.
Трамп според неговиот лекар, пие лекови за контрола на холестеролот.