Тошковски за апсењето на Самараков: Криминалец се прикривал со униформа

Објавено во: Македонија 03 Април, 2025 11:15
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес пред медиумите одби да споделува детали од истрагата за осомничениот Ангел Самараков, самостоен инспектор припадник на Единицата за лично обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски и да каже какви материјали тој сакал да изнесе, односно да предаде на надворешни лица.
Самараков беше фатен на паркинг пред хотел во Велес при обид да продаде тајни документи за 50.000 евра, соопшти претходно Јавното обвинителство.
„Тој е еден од случаите каде покажавме дека се бориме неселективно против криминалците во внатрешни рбаоти.
Одделот по внатрешна контролоа, по добиени информации во рамки на Одделот, бил известен надлежен јавен обвинител кој се согласил и дал наредба да бидат преземени дејствијата истата вечер. По спроведувањето на предметната акција, извршени се повеќе претреси кај полициски службеници, при што се пронајдени докази во таа насока.
Во овој момент не би сакал да споделувам детали од истрагата. Во оној момент кога ќе ги иамме сите информации - ќе ги споделиме со јавноста.
Сите во министерството се вознемирени кога гледаат дека криминалец се прикривал со униформа“, рече Тошковски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Во Собранието не помина интерпелацијата за Панче Тошковски

ИЗЛЕЗЕ ДА ДАДЕ ПОДДРШКА НА СЕМЕЈСТВАТА: На протестот се појави и Вилма Рускоска

ЌЕ ФОРМИРААТ ЗАЕДНИЧКИ ОРГАНИ: Партиите од ВЛЕН ќе делуваат како еден субјект

(ВИДЕО) СЕ СОМНЕВА ДЕКА ОВА Е АТАК ОД КРИМИНАЛЦИТЕ: Запалена е куќата на Пандов во Зелениково

ФИЛИПЧЕ: СДСМ поднесува специјален закон за финансиска поддршка на семејствата од Кочани

ДЕМНЕЛ МАЖ И ТРИ ДЕЦА: Предложени се мерки на претпазливост за жител на Гевгелија

ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НЕ ПОМИНА: Тошковски останува министер

ПОЛИЦАЈЦИ ДОШЛЕ ДА ГО ПРИВЕДАТ: Прилепчанец им го земал пиштолот и избегал

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Збор „отстапка“ не постои во мојот речник
