Двајца фудбалски тренери од Битола деновиве дебитираа на новите функции кои им се доделени од страна на Фудбалската федерација на Македонија, по промената на раководството и назначувањето на Масер Омерагиќ за претседател на ФФМ.Димитар Капинсковски дебитираше на клупата на фудбалската селекција У-18. Капинковски на селекторското место доаѓа по престојор во Грузија каде го водеше тимот на Самтредиа, а претходно беше шеф на стручниот штаб на битолски Пелистер.
Вангел Алпупармаковски е дел од стручниот штаб на фудбалската репрезентација У-19. Алипармаковски мометално е помошник во фудбалскиот клуб Пелистер, а претходно беше тренер на фудалскиот клуб Хофт од Монголија и во Работнички од Скопје.

Капинковски селектор на репрезентацијата У-18, Алтипармаковски во стручниот штаб на У-19
More from БитолаMore posts in Битола »
- Препорака од “Бар Манаки“: ладен сендвич “Италијано“
- Снежната покривка го измени изгледот на Битола – наместо боите на магнолиите, бела снежна покривка (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола се емитуваше 19. по ред “бомба“ на тогашната опозиција (фото)
- „Битола низ стари разгледници“ – Онлајн верзија
- И годинава муфтиството на ИВЗ во Битола со баклава во Старата Чаршија ги почести битолчани за Рамазан Бајрам (фото)