Работнички си договори четвртфинално дерби со Пелистер

Екипата на Работнички со победа над Кожув (90-80) го заврши регуларниот дел во Првата лига и од позицијата број три влегува во плеј-офот, односно четвртфиналето кое е прва фаза во разигрувањето за титула.

  • Комплетниот натпревар меѓу Работнички и Кожув:

Центарци одиграа одличен меч, ги добија првите три четвртини и си создадоа пат кон триумфот. Најубедлива беше втората, во која најтрофејниот даде 28 поени, а прими деветнаесет. Одбраната не може да го радува Работнички, но нападот го „извади“ мечот.

Најдобар стрелец кај победникот беше Виктор Ефремовски со 19 поени, пред Џексон Дублински со 17 поени, додека кај Кожув, Колев имаше 22 поени, а Стевановиќ заврши со дабл-дабл од 19 поени и десет скока.

Работнички со овој триумф се избори за четвртфинална пресметка со Пелистер, додека Кожув ќе ги одмери силите со четвртопласираното Куманово