• вторник, 08 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во битолскиот театар се подготвува битовата драма „Чорбаџи Теодос“

Во битолскиот театар се подготвува битовата драма „Чорбаџи Теодос“

Битола, 1 април 2025 (МИА) - Ансамблот на НУ Народен театар-Битола почна со подготовките на познатата битова драма на Васил Иљоски, „Чорбаџи Теодос“, во режија на Дамјан Димовски.

Драмата напишана во 1937 година, битолските актери ја подготвуваат во три чина, а носечка порака е -животот секогаш наоѓа начин да не соочи со сопствените неправди и да не врати на вистинскиот пат.

Во најновата театарска премиера која ќе биде изведена на 26 мај, ќе настапат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Елена Моше, Никола Стефанов, Александар Димитровски, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски и Марија Цветановска. мт/сст/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан