БАЛКАНСКИОТ ПОЛУОСТРОВ БИЛ НАРЕКУВАН МАКЕДОНСКИ
Српско-турскиот хроничар Мијајло Константинов во својата хроника од 15. век сведочи дека подрачјето коeшто денес го нарекуваме Балкан или Балкански Полуостров, во Средниот век било нарекувано Македонија. Ова е уште еден во низата објавени историски слични записи.
Според Константинов, династијата Палеолог, која владеела со Источната Римска Империја од 13. – 15. век, го променила името на полуостровот Македонија во – Романија.
Од историјата знаеме дека дури потоа следат имињата Румелија, Европска Турција, Балкан и Југоисточна Европа.
Константинов се родил во Острoвица, во тогашното деспотство Србија, во 1435., а умрел во Полска после 1501. година. Бил заробен во Ново Брдо во 1450. година од страна на отоманската војска на султанот Мехмед II и пратен во Мала Азија да стане јаничар. Според сопственото сведочење, едвај ја преживеал тортурата во обидот за бегство заедно со 12 други заробени момчиња.
Како јаничар, учествувал во мноштво воени походи, меѓу коишто и оној на отоманската војска за освојување на Албанија, при што сите кнезови биле поразени освен Македонецот Ѓорѓија Кастриот – Искандер.
Откако султанот Мехмед II ја освоил Босна во 1463 година, наредил 50-тина јаничари под водство на Константинов да останат во отоманското утврдување во гратчето Звечај, недалеку од Јајце.
Набргу потоа, унгарскиот крал Матија Корвин го опседнал Звечај при што јаничарите се предале, а Константинов напишал дека го фалел Господ затоа што со чист образ можел да се врати меѓу Христијаните. —–/
Сите реакции:
56Stiv Veselinovski Krokodilac, Biljana Antoska Stojanov и 54 други
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?