Радио Милева крај на љубовмната приказна

Александар Јосифовски се разведе по осум години брак: „И ја посакувам целата среќа“ (фото)

Александар Јосифовски се разведе по осум години брак: „И ја посакувам целата среќа“ (фото)

Охриѓанецот Александар Јосифовски, познат по учеството на натпреварот „Ѕвезде Гранда“, по осум години заеднички живот се разведе од сопругата Теодора, пишува Гранд нова.

Веста за разводот на пејачот кој ја освои публиката и со гласот и со изгледот изненади многу обожаватели.

– Точно е дека решивме да се разведеме и дека секој од нас ќе продолжи со својот живот. Тоа се тешки одлуки и не се носат преку ноќ. Уживав во нашиот брак и на Теодора и посакувам сета среќа бидејќи тоа го заслужува – изјави за Гранд Александар Јосифовски.

Иако многумина шпекулираа за причините за крајот на бракот, Јосифовски посочува дека зад разводот не стои ниту измама, ниту љубомора:

– Се обидовме да исправиме некои работи, едноставно не успеа. Не се работи за љубомора или измама. Благодарен сум и на Теодора што беше со мене во најтешките моменти од мојот живот, и тоа никогаш нема да го заборавам – додава пејачот.

Пред само една година Александар за Гранд ги откри деталите од нивната романтична приказна и како се запознале:

– Се запознавме во Охрид, во групата имаше неколку девојки, но Теодора се истакна. После неколку дена ми беше роденден, сакав да го одбележам на посебен начин и тогаш и подарив прстен. Таа рече „да“, можеби затоа што беше нервозна, но остана со мене – изјави тогаш Јосифовски.

Освен Теодора, голема поддршка на Александар Јосифовски во текот на кариерата му пружила и неговата мајка Бети, која го напиша текстот на неговата најнова песна објавена неодамна.

извор:grand.nova.rs
фото:instagram printscreen/ alexandarjosifovski

To top