Денес шест пациенти се враќаат од странство пет од Србија и еден од Италија

Две недели по страотната трагедија во Кочани денеска шест пациенти се враќаат во земјава од лекување во странство, пет се од Србија (кои биле хоспитализирани во Клиничкиот центар во Ниш и ВМА Белград) и еден од Италија. Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите. Според подацоите на Министерството за здравство кај останатите пациенти во странство кај дел има подобрување, додека неколкумина сè уште се интубирани и во потешка здравствена состојба.

Во здравствените установи во државава се хоспитализирани 16 пациенти во добра општа состојба. Шест во ГОБ 8 септември и исто толку на Клиниката за хируршки болести „Св Наум Охридски“  кај кои беше направена трансплантација на кожа.