Во рамките на посетата на Битола министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ги посети Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и ЈП “Стрежево“ во Битола.
Со директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот за земјоделство – Битола, Пеце Стојковски се договорија од понеделник да се започне со информирање и запознавање на земјоделците со новата Програма за финансиска поддршка, бидејќи како најави министерот земјоделците заслужуваат да бидат информирани во делот на субвенциите.Цветан Трипуновски со директорката на ЈП “Стрежево“, Вера Бешлиевска разговараше за претстојната сезона за наводнување на посевите на земјоделците.
-Потребно е да се санираат дефектите се со цел земјоделците да немаат проблем со наводнување на посевите како изминатите години. Со разговор и координација се решаваат етапно сите проблеми, земјоделецот и неговата работа не треба да страдаат, рече министерот Трупуновски.