Навивачи чекаа автограми од Гвардиола, а тој им одржа лекција: Не се враќајте, не губете време со ова! (ВИДЕО)

Манчестер Сити во ФА Купот го совлада нисколигашот Салфорд со убедливи 8-0. Избраниците на Пеп Гвардиола рутински ја завршија задачата против малиот тим од Манчестер. 

По натпреварот Гвардиола имаше интересна средба со млади колекционери. Шпанскиот стратег им одржа лекција, им кажа на младите момчиња да си одат и да не се враќаат. Гвардиола алудираше на губењето време, терајќи ги момчињата да одат на училиште и да се посветат на образованието.

Инаку, четвртолигашот Салфорд е во сопственост на неколку легендарни фудбалери на Манчестер Јунајтед. Акционери во клубот се Ники Бат, Рајан Гигс, Гери Невил, Дејвид Бекам и Пол Сколс.

Состави