Денвер го прегази Портланд, Јокиќ броеше до 40

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа девет натпревар, а најубедлив беше Денвер кој пред своите гледачи го декласираше Потланд со 146-117 и така стигна до својата седма победа во низа.
Денвер во овој момент има најдолга низа на победи од сите 30 екипи во НБА лигата и се наоѓа на третото место на Западот со скор од 35 победи и 19 порази.
Најдобар поединец и во овој натпревар беше Никола Јокиќ кој постигна 40 поени, додавајќи седум скокови и осум асистенции што е под неговиот просек во тие категории сезонава. Поради убедливата разлика, Јокиќ на теренот помина и 31 минута и одмараше во последната четвртина.
На одличниот учинок додаде уште и три украдени топки. Сезонава Јокиќ е на просек од 29.6 поени, 12.7 скокови и 10.3 асистенции.
Зад Јокиќ следеше Крис Браун со 26 поени, додека кај Портланд најдобар беше Далано Бантон со 22 поени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Кој е следен?“ на 29 март пред…
Граѓанското движење „Кој е следен?“, в сабота…
(Видео) Костова: Папаја за Владата, трошки за…
Срамна, понижувачка и крајно неодговорна е одлуката…
Потона подморница во Црвеното Море, има загинати
Се претпоставува дека во подморницата имало околу…
Не заборавајте дека нашите деца си заминаа…
Дојде време да бираме децата или партиите.…
Зеленски: Русија подготвува две големи офанзиви напролет
СветЗеленски: Русија подготвува две големи офанзиви напролетAvatar…