Спорт
Лосон шокиран од одлуката на Ред Бул

Возачот од Нов Зеланд, Лиам Лосон изјави дека е шокиран од одлуката на Ред Бул да го испрати во сестринскиот, Расинг Булс, и да го замени со Јапонецот Јуки Цунода.
Јапонскиот возач ќе биде нов тимски колега на актуелниот холандски шампион Макс Ферстапен во Ред Бул.
Лосон ќе вози со Исак Хаџар од Франција во тимот на Рејсинг Булс. Лосон пред почетокот на сезоната го замени Мексиканецот Серхио Перез во тимот на Ред Бул.
„Дефинитивно е шок, искрено. Не го очекував тоа. Мислам дека разговорите што ги водевме не одеа во таа насока, па дефинитивно е нешто што не го очекував“, изјави Лосон.
Лосон не ја заврши трката за ГН на Австралија, додека заврши на 12-тото место на Големата награда на Кина.
„Посакувам да имав повеќе време. Мислам дека со повеќе време, особено на патеките на кои не сум бил… тоа беше тежок почеток. Имавме тешки тестови, тежок прв викенд во Мелбурн, а потоа Кина и спринт. Мислам дека на местата каде што сум бил, со автомобил кој е прилично незгоден, би се покажал, штета што не ја добив таа шанса. Но очигледно ова не беше моја одлука, сега треба да го извлечам најдоброто од сезоната“.
Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 6 април на Големата награда на Јапонија во Сузука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Новак на ГОАТ: Меси пред Ѓоковиќ, Џордан и Брејди

Новак Ѓоковиќ имаше интересна задача да избере кого го сметаше за најдобар спортист на сите времиња.
На српскиот ас му беа понудени великани од сите спортови, а еден го напушти по елиминациски систем.
Еве како изгледаше тоа.
Novak must choose between some legends
pic.twitter.com/gS1geQPqQr
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) April 13, 2025
„Брејди или Џордан“
„Ќе го изберам Брејди, бидејќи сме многу добри на приватен план“, рече Ѓоковиќ.
„Брејди или Мејведер“
„Том Брејди“
„Брејди или Мекгрегор“
„Том Брејди“
„Брејди или Болт“
„Аххх Том Брејди“
„Том Брејди или Хамилтон“
„Оооо Том Брејди“
„Брејди или Фелпс“
„Том Брејди или Меси“
„Извини Том, Меси“
„Меси или Ѓоковиќ“
„Меси“, заврши Ѓоковиќ со насмевка.
Спорт
Белингем и Рудигер се степале во петокот

Дебаклот на Реал кај Арсенал (3:0) во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите остави голема трага во соблекувалната на актуелниот шампион на Шпанија и Европа.
Шпанските медиуми пишуваа дека капитенот Лука Модриќ му посочил на тренерот Карло Анчелоти дека некои од неговите соиграчи не вложуваат доволно напори.
Еду Агире, новинар и инсајдер на Реал, вели дека Џуд Белингам и Антонио Рудигер, се степале на тренингот во петокот:
„Ова беше една од најнапнатите недели во соблекувалната на Реал. Од средата играчите се чувствуваа како да мора да поминат низ тоа. Тие чувствуваат дека нивната сезона може да се урне во само неколку дена. Ми кажаа дека имало гензија меѓу двајцата играчи на тренингот во петокот како резултат на тие тензии. Имало тепачка помеѓу Белингем и Рудигер“.
Новинарот додаде дека ваквите конфликти се вообичаени во многу тимови, но дека тука се важни тајмингот и контекстот, пред клучните натпревари во Ла Лига и Лигата на шампионите, особено пред реваншот против Арсенал во среда.
„На крајот се добро се заврши. Ми кажаа дека потоа се ракувале, но тоа доволно покажува дека постои тензија меѓу играчите на Реал“, додаде Агире.
Спорт
Манчестер јунајтед има повеќе порази по Фергусон отколку за 27 години со него

Вчера англискиот великан Манчестер јунајтед доживеа уше еден тежок пораз. „Црвените ѓаволи“ беа понижени на гостувањето кај Њукасл со 4:1 и по 14. пораз во сезоната се 14. на табелата.
Последен пат Јунајтед во сезоната 1989/1990 имаше повеќе порази, 16 во 38 натпревари. До крајот на тековната сезона остануваат уште шест кола.
„Нема ништо полошо од губење на натпревари. Немам намера да се бранам или нешто слично. Ако ја погледнете табелата, таа кажува се. Да изгубите натпревар е најтешкиот дел од оваа работа. Да се фокусираме на четврток (реванш четвртфиналето со Олимпик Лион). Четврток е многу важен“, рече тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим.
Поразот на „Сент Џејмс Парк“ откри еден неверојатен податок. Манчестер јунајтед има повеќе порази во ерата по Сер Алекс Фергусон отколку што доживеа во текот на целиот мандат на славниот Шкотланѓанец.
Дејвид Мојс, Луи ван Гал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјер, Ралф Рангник, Ерик тен Хаг и сега Рубен Аморим претрпеа 115 порази со Јунајтед во 450 натпревари.
Сер Фергусон на 810 натпревари како тренер на „црвените ѓаволи“ претрпе вкупно 114
Во четврток Јунајтед го пречекува Лион, по 2:2 на првата средба во Франција.