Во Специјалниот суд во Белград денеска со вештачење продолжи судењето на групата на Вељко Беливук, чии членови се товарат за седум убиства, трговија со дрога, носење и поседување оружје, киднапирање и силување.
Експертот за ДНК Тања Бакум одговарајќи на прашањата прецизираше дека направила 22 вештачења меѓу кои и ДНК на убиените Никола Митиќ и Лазар Вукиќевиќ.
Прашања до вештакот поставија обвинетите, нивните адвокати, како и обвинителот кој праша за пронајдените ДНК траги на мелницата за месо.
За време на истрагата за случајот на кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, Баќум извршила вкупно 22 вештачења, а во судницата на Специјалниот суд беше повикана да даде исказ и да одговара на прашања во врска со конкретни 13.
Утврдено е дека во вештачените траги се пронајдени ДНК профили на одредени жртви на криминалниот клан, и тоа на Никола Митиќ и Лазар Вукиќевиќ – на лименка и хируршка маска во едно возило.