Ретко кој не сака помеѓу оброците нешто „да грицне“. Затоа денес ви предлагаме крекери со лелено семе.
Состојки:
120 гр бело пченично брашно
40 гр интегрално брашно
40 гр ржано брашно
10 гр ленено семе
150 мл вода
1 лажичка афион во зрно
1 лажичка сол
5 лажици маслиново масло
Подготовка:
Ставете го лененото семе во 150 мл вода, 5 минути по почетокот на вриењето, на тивок оган.
Оставете ги семките да се изладат.
Во повеќенаменски миксер ставете ги сите три вида брашно, сол, афион и маслиново масло.
Додадете ги семките од лен заедно со течноста и измешајте за да добиете еднолична смеса.
Ако ви изгледа премногу суво (зависи од тоа колку вода испарила при варењето на ленот), додадете малку вода, распоредете на работната површина и месете малку.
Тестото можете да го развлечете веднаш, но подобро ќе биде ако го оставите да одмори 15-20 минути.
Потоа расукајте го во правоаголник, исечете форми, наредете во тава покриена со хартија за печење.
Рерната загрејте ја на 180 степени и испечете ги крекерите.
Фото: Принтскрин/posnajela