Општо

Накратко од светот - „Дипсик“ под истрага на американските служби

Автор: Bloomberg Adria

31 јануари 2025, 08:30

Кинескиот стартап неодамна објави свој четбот, наречен Р1

Во меѓувреме, ЕЦБ ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Нема преживеани во судирот на патнички авион и хеликоптер над Вашингтон

Накратко од светот - „Дипсик“ под истрага на американските служби

Bloomberg

Bloomberg Adria

Изгледа дека кинескиот стартап „Дипсик“ (DeepSeek) е под голем притисок деновиве, особено од страна на САД. Тие развија модел за вештачка интелигенција со одлични перформанси и пониска цена од конкуренцијата, што веднаш се означи како „закана“ за американската доминација. Сега САД започнуваат истрага.

ЕКОНОМИЈА

„Дипсик“ под истрага на американските власти

Американските власти започнале истрага против кинескиот стартап „Дипсик“, со цел да утврдат дали купиле напредни чипови од „Енвидија“ (Nvidia) преку трети страни во Сингапур, заобиколувајќи ги американските ограничувања за продажба на тие чипови. Ова го тврдат извори запознаени со ситуацијата. „Дипсик“ неодамна го објави својот четбот, наречен Р1 (R1), кој во некои аспекти има перформанси како и ривалските четботови од САД, што сугерира дека Кина е значително пред САД во трката за ВИ отколку што се веруваше претходно.

Да потсетиме дека „Дипсик“ успеа да ги намали акциите на „Енвидија“, највредната светска компанија. Истовремено, „Мајкрософт“ (Microsoft) и „Опен еј-ај“ (OpenAI) се сомневаат дека „Дипсик“ дошол до нивните технолошки тајни.

 

ЕЦБ ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали трошоците за задолжување по петти пат од јуни минатата година, во услови кога економијата на регионот стагнира, а целната инфлација од два процента е на дофат. Властите ја намалија каматната стапка на депозити за четвртина процентен поен, на 2,75 проценти, што го предвидоа сите аналитичари анкетирани од „Блумберг“ (Bloomberg). Монетарната политика сè уште се карактеризира како рестриктивна, поради што се сигнализираат дополнителни олеснувања. Сепак, ЕЦБ, како што беше повторено, не се обврзува на однапред поставен правец кога станува збор за монетарната политика.

 

ОПШТО

Нема преживеани во судирот на патнички авион и хеликоптер над Вашингтон

Во судирот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон нема преживеани, соопштија американските власти. Потсетуваме, во Вашингтон во средата вечер, околу 21 часот по локално време, се случи голема авионска несреќа кога патнички авион со 60 патници и четири члена на екипажот се урна во реката Потомак, по судирот со воен хеликоптер, во кој имало тројца војници. По повод инцидентот се огласи и претседателот Доналд Трамп.

 
БЕРЗИ

Европа

Фјучерсите на европските акции утрово се тргуваат со добивки, по одлуката на Европската централна банка да ги намали трошоците за задолжување. Значи, ЕЦБ, за разлика од Фед, одлучи да продолжи со намалување на каматната стапка и овој пат таа е намалена за 25 базични поени.

„Процесот на дезинфлација се одвива според очекувањата. Инфлацијата продолжи да се движи во согласност со проекциите на експертите и се очекува годинава да се врати на среднорочната цел од два процента. Повеќето показатели покажуваат дека инфлацијата трајно ќе се стабилизира околу целните два процента“, рече претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

САД

Фјучерсите на американските индекси исто така се тргуваат во зелено, пред објавувањето на индексот на трошоците за лична потрошувачка, кој е омилена мерка за инфлацијата на Фед. Американските индекси и тргувањето во четвртокот го завршија со добивки, бидејќи инвеститорите ги анализираа заработките на големите технолошки компании. Акциите на „Епл“ (Apple) пораснаа за повеќе од три проценти во електронското тргување, откако компанијата изнесе охрабрувачка прогноза за приходите за тековниот квартал.

Азија

Од друга страна, индексите во азиско-пацифичкиот регион се тргуваат мешано. Јапонските акции се тргуваат претежно со добивки, додека јужнокорејските акции се во црвено. Пазарите во континентална Кина, Хонгконг и Тајван сè уште се затворени поради лунарната Нова година.

Сите новости од рубриката Политика

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот
Општо

Уште не се знае датумот за средбата меѓу Трамп и Путин - накратко од светот

По состанокот во Саудиска Арабија, каде што високи американски и руски претставници остварија прв круг преговори за крај на војната во Украина, Русија и САД најавија можност за поширока соработка.

19.02.2025

Политика

Додик осуден на една година затвор
Политика

Додик осуден на една година затвор

Милорад Додик, претседателот на Република Српска, денеска е прогласен за виновен за неприменување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина.

26.02.2025

Автор: Svjetlana Šurlan

сите новости од рубриката Политика
Регистрирајте се и отклучете 5 статии!

*Започнете го денот со дневниот билтен и најважните деловни вести

Регистрирај се