Европските лидери му оддадоа почит на Навални на годишницата од неговата смрт

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Навални претставувал најголем предизвик за рускиот претседател Владимир Путин и дека починал „затоа што се борел за демократија и слобода во Русија”.

Европските лидери денес му оддадоа почит на рускиот опозиционер Алексеј Навални, една година по неговата смрт во арктички затвор, а стотици луѓе се собраа на комеморацијата на московските гробиште каде што е погребан.

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Навални претставувал најголем предизвик за рускиот претседател Владимир Путин и дека починал „затоа што се борел за демократија и слобода во Русија”.

“Путин брутално се бори против слободата и нејзините бранители. Работата на Навални беше уште похрабра. Неговата храброст направи разлика и се протега далеку подалеку од неговата смрт”, рече Шолц.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни