Минчев: Правичната застапеност на етничките заедници, согласно Охридскиот договор, е уставна категорија

од Љубиша Владимиров
32 прегледи

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека во Владата е формирана експертска група која работи на законот за правична застапеност, но дека тој не е дел од неа и не може во моментот да прецизира до каде е постапката.

„Во Владата е формирана експертска група која работи на законот за правична застапеност. Како министер, не сум дел од таа работна група и во моментов не можам да кажам до каде е процесот, но правичната застапеност на етничките заедници, согласно Охридскиот договор, е уставна категорија. Јас инсистирав и сметам дека е добро што на ова законско решение работат експерти, за да не се најдеме во иста ситуација со поништување на одредени членови од постојниот закон,“ изјави Минчев.

Тој додаде дека експертите од уставното право се гаранција за изготвување на квалитетен закон кој нема да има недоследности што ќе бидат оспорувани, но исто така прецизираше дека законот најпрво ќе оди во нацрт-верзија до Венецијанската комисија, па потоа во Собранието.

„Предлог-верзијата ќе биде испратена до Венецијанската комисија, а потоа ќе биде доставена до Собранието,“ изјави Минчев.

Слични содржини