Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди нема намера да се повлече од фудбалот по крајот на сезоната. Сепак, иднината на ѕвездата на „лисиците“ во тимот е под сериозно прашање.
Договорот на најдобриот стрелец истекува во јуни, но засега нема изгледи тој да биде обновен. Тимот продолжува да се бори за опстанок во англиската елита, но тоа изгледа малку веројатно.
Според „Скај спортс“, и покрај тоа што нема понуда за Варди, тој е подготвен да остане на „Кинг Пауер“ и следната сезона, без разлика на судбината на тимот.
Иако сега има 38 години, Варди продолжува да биде клучен дел од тимот на Лисиците. Оваа сезона напаѓачот постигна осум гола и направи три асистенции на 29 натпревари