Следете не

Хроника

Кичевчанец додека работел на работни задачи на автопат Кичево-Охрид паднал и починал

Објавено пред

на

На 29.01.2025 во 13.20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека З.Т.(51) од Кичево, при извршување работни задачи на дел од автопатот Кичево-Охрид, кој е во изградба, паднал и починал.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево, а увид извршиле полициски екипи и трудов инспектор.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, за јавноста и медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Хроника

Уште еден пациент на 24 години подлегна на повредите од кочанската катастрофа

Објавено пред

на

©porta.mk

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година.

Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец.

Повеќе прочитајте на Курир, во продолжение ТУКА

Прочитај повеќе...

Хроника

(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс со семејството загина во хеликоптерска несреќа во САД

Објавено пред

на

Почина Агустин Ескобар, претседател и извршен директор на Siemens во Шпанија, заедно со неговата сопруга и трите деца. Тие се идентификувани како жртви на хеликоптерот што во четвртокот се урна во реката Хадсон во Њујорк, според Њујорк пост.

Веб-страницата New York Helicopter Tours објави фотографија од петчленото семејство како позира пред хеликоптерот Bell 206L-4 LongRanger IV.

Полицијата извести дека истиот ден семејството пристигнало на Менхетен од Барселона.

Идентитетот на пилотот останува непознат, а причината за падот е под истрага.

Прочитај повеќе...

Хроника

Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка

Објавено пред

на

На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Патишка река – с.Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „мерцедес“, која била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција. Со телесни повреди се здобиле возачот  Ф.А., сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, како и возачот У.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а У.О. бил лишен од слобода по член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1  од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура2 часа

(ФОТО) Во с.Цер кичевско одбележани 120 години од смртта на Христо Узунов – симбол на револуционерната борба

120 години од смртта на Христо Узунов – симбол на револуционерната борба Денес се навршуваат 120 години од смртта на...

Кичево4 часа

Вчера во Кичево се одржа состанок на општинскиот кризен штаб за превенција и заштита од пожари на отворен простор

Вчера 23.04.2025 г. во просториите на општина Кичево се одржа работен состанок на општински кризен штаб за превенција и заштита...

Македонија5 часа

МВР приведе кумановец затоа што управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

На 23.04.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за четврток (24 април)

ОВЕН Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи...

Мобилни уреди15 часа

Внимание: Се појави нов малициозен софтвер за мобилните телефони кој користи „NFC“ технологија за кражба на платежни картички

Безбедносните истражувачи од Cleafy предупредуваат за нов малициозен софтвер на Android кој користи NFC технологија за да украде платежна картичка...

Кичево17 часа

Исполнети од радоста од Христовото Воскресение „Велигден“ бидете дел на Светол Источен Петок – „Балаклија“ во Манастир Пречиста кичевска – Христос Воскресе!

Исполнети со радоста од славното Христово Воскресение, во овие светли денови ја предвкусуваме вечната радост кон која се стремиме, живеејќи...

Автомобили18 часа

„Hyundai“ во иднина би можел да лансира погон на задни „хибрит“ тркала

Кога новиот Hyundai Palisade дебитираше во САД минатата недела, конечно ја пополни празнината во линијата со хибриден погон. Поставувањето го...

Македонија1 ден

МВР приведе лица кои се сомничат дека запалиле депонија во Демир Хисар

На 22.04.2025 во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од...

Временска прогноза1 ден

Цела седмица честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи

Под влијание на плитка фронтална долина која се наоѓа над југоисточна Европа, во нашата Република Македонија од денес (среда 23...

На денешен ден2 дена

На денешен ден – 23 април

1616.- Шпанскиот писател Мигел де Сервантес Сааведра (Мигел, Сервантес) умрел во Мадрид, на истиот ден како и Вилијам Шекспир во...

НАЈЧИТАНИ