ЕУ предвидува исклучоци од најавените заштитни мерки за увозот на челик
Новите заштитни мерки за увозот на челик во ЕУ, што вчера ги најави Европската комисија, нема да важат за земјите чиј удел во увозот е помал од три отсто, за Украина, како и за државите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, изјави за МИА портпарол на ЕК.
- Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј удел во увозот од ЕУ во дадената категорија производи е помал од три отсто, Украина и државите од ЕЕА, информира портпаролот.
Според податоците на Генералниот директорат за трговија и економска безбедност на Европската комисија, во 2023 година увозот на челик и железо во ЕУ од Северна Македонија достигнал 376 милиони евра, што претставува намалување за 34,8 проценти во споредба со претходната година. На челикот и железото отпаѓа 5,6 отсто од вкупниот пласман на македонски производи на пазарите во ЕУ.
Во 2023 година, Унијата увезла 26 милиони тони производи од челик, од кои 16 милиони тони потекнуваат од Азија, пред се од Јужна Кореја, Индија, Тајван и Кина, како и 7,2 милиони тони од „европски земји кои не се членки на ЕУ, од Заедницата на независни држави и од Турција“.
Една година пред тоа, во 2022, во ЕУ се увезени челични производи во вредност од 28,9 милиони тони, од кои 14,94 милиони тони од Азија и 11,25 милиони тони од земјите на Европа кои не се членки на Унијата.
Кога станува збор за извезените производи од жица, железо или челик од земјава во ЕУ, нивниот обем во 2022 година достигнал 395,4 милиони долари или 415.848 килограми. Најголем увозник на македонски производи од жица, железо или челик меѓу членките на ЕУ била Бугарија во износ од 383,96 милиони долари или 351.505 килограми, што претставува речиси 85 проценти од вкупните количини на овие стоки извезени од земјава во ЕУ.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Европската комисија вчера донесе одлука за заострување на заштитните мерки за челичната индустрија во ЕУ, како резултат на зајакнатиот притисок предизвикан од заситеноста на глобалниот пазар на челик, зголемениот извоз од Кина и создавањето трговски бариери на клучните пазари, како американскиот.
Тие засилени мерки, меѓу другото, предвидуваат ограничување на количеството на челик што може да се увезува во ЕУ без царини, како и укинување на можноста за странските извозници за искористување на неискористените квоти за извоз на други држави. Најголемиот број од новите мерки ќе стапат во сила на 1 април 2025 година, освен две – за намалување на темпото за либерализација на увозот од 1 на 0,1 отсто и за укинување на можноста за користење на неискористените количини, кои ќе почнат да се применуваат од 1 јули. Овие заштитни мерки за челикот ќе бидат со важност до 30 јуни 2026 година.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани
-
Трамп: Русија треба да се размрда
-
Нова фаза за Сојузот на економисти на Македонија: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици
-
Тројца од повредените во Кочани отпуштени од болниците во Пловдив и Варна
-
Таткото на Вања одби да одговара на прашањата за Палевски
-
Касами: Убеден сум дека Влен и на локалните избори ќе оди заедно и ќе го покаже тоа што го покажа на парламентарните
-
Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, правни субјекти работеле без лиценца или не исполнувале минимално технички услови
-
Ѓорчевски: Не видов конкретни чекори за пронаоѓање на Вања