(Видео) Возило „Тесла“ уништено со чекани во Лондон: „Ова е јавно уметничко дело“

(Видео) Возило „Тесла“ уништено со чекани во Лондон: „Ова е јавно уметничко дело“

пред 2 недели

Лондонски активисти од групата „Сите го мразат Илон“ јавно уништија возило „Тесла“ во знак на протест против милијардерот и извршен директор на американската компанија, Илон Маск. Користениот автомобил бил наменет за отпад, а организаторите велат дека неговото уништување било „јавно уметничко дело“ во кое учествувале и насобраните граѓани.

Гореспоменатата група тврди дека им покажала на луѓето безбеден и легален начин за уништување на „Тесла“. Инсталацијата, односно уништеното возило, ќе биде понудена на аукција за да се соберат пари за локални продавници за храна за луѓето кои имаат потреба, пишува „The Independent“.

„Има повеќе милијардери од кога било досега, и има повеќе народни кујни од кога било досега. Овие работи се јасно поврзани“, рече портпаролот на групата „Сите го мразат Илон“.

Групата ги повика жителите на Лонодн да се приклучат на протестната акција и додаде дека протестот им овозможи на обичните луѓе да станат уметници и да создадат симбол на отпор против влијанието на милијардерите. Исто така, беше истакнато дека групата не поддржува никакво незаконско уништување на други возила.

Познати по своите постери кои го исмејуваат технолошкиот милијардер, групата „Сите го мразат Илон“ објави реклами на лондонското метро и автобуските постојки. На еден од нив тие го преименуваа Тесла во „Свастикар“, заедно со слика на Маск како изведува нацистички поздрав на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Текстот (Видео) Возило „Тесла“ уништено со чекани во Лондон: „Ова е јавно уметничко дело“ е превземен од МАКФАКС.

Share