
Григор Прличев во 1850 година се запишал на медицински факултет во Атина и таму за прв пат ќе слушне за конкурсот за поеми. Тој иако никогаш нема да го заврши овој факултет, сепак по 10 години ќе се врати да ги продолжи своите студии, но вистинската причина всушност била да се пријави на овој конкурс.
Со својата поема ,,Сердарот”, исто така позната како „О Арматолос“ на грчки, тој ќе го освои првото место на конкурсот, а за тоа ќе добие ловоров венец, парична награда, па и студирање во Берлин или Оксфорд, кое можел да го добие само ако се откаже од словенското во него, па затоа ја одбил. Со оваа победа, тој дури и ќе биде прогласен за Втор Хомер.
Поемата е составена од 228 строфи и била напишана на грчки јазик, а мотив и инспирација за поемата му биле народната песна за Кузман Капидан, како и тешкиот живот на Македонците од запандите делови на Македонија кои биле изложени на теророт на Гегите. Преку ,,Сердарот” може да се види силниот стремеж на македонците за слобода.
Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.
Автори: Кирил Стојанов и Климент Трајков