Вработените во штипскиот затвор со различна верзија за дрогата, полицијата и кучката Цеца

Вработените во штипскиот затвор со различна верзија за дрогата, полицијата и кучката Цеца

пред 2 недели

Група вработени лица во штипскиот затвор реагираа со демант на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов и директорот на Штипскиот затвор во врска, за случувањата во штипскиот затвор.

Вработените во реакцијта која ја објави штипската телевизија „М Нет“ велат дека директорот во своето излагање кажал многу невистини кои не кореспондираат со реалноста и превземените службени дејствија на овластените службени лица.

„Како вработени во установата во целост ја негираме ваквата лошо составена приказна која се пласираше на ироничен начин и со цинизам во јавноста, одговорно тврдиме дека вистината е сосема поразлична и постапувањето во однос на пронаоѓањето на сомнителни предмети фрлени од страна на лицата кои дојдоа до затворот во овој настан преку безбедносниот ѕид беше во правец на тоа да го пронајдеме она што е фрлено и доколку има било што недозволено да го одземеме и да пријавиме во СВР – Штип.

Во текот на ноќните часови потрагата заврши без успех, но во текот на утринските часови со самото разденување повторно е направен обид да се пронајдат предметите при што успешно е пронајдена најлонска ќеса во која е пронајдена и сомнителната прашкаста и тревкаста материја. По нејзиното пронаоѓање превземени се сите оперативно протоколарни дејствија, известен е директорот на установата, пријавен е настанот во полиција, инспектори од СВР –Штип и крим полиција пристигнаа во затворот и пронајденото е предадено за понатамошно постапување. Евидентно е целосното постапување и превземените конкретни чекори во самиот дневен извештај на затворската полиција, а со сигурност го има и во полицискиот билтен.

Во ниту еден момент нема простор за сомнеж дека некој од затворските полицајци постапувал спротивно на своите работни задачи и соработувал со осуденото лице во негова полза како што беше споменато на пресконференцијата од страна на директорите.

Исто так, сакаме да напоменеме дека токму за осуденото лице Ж.Ж. директорот на установата на неколку наврати дозволува посети вон работното време со телефонски повици кон одговорниот на смена, истото е заведено во рапортните книги на установата, директорот на установата има дозволувано и вонредни пакети за истото осудено лице, но ништо од тоа не беше кажано на споменатата пресконференција!“, напишаа вработени во КПУ Затвор Штип до редакцијата на М Нет-ТВ.

Претходно, Пандов на прес-конференцијата тврдеше дека некој фрлил дрога преку оградата, а откога полицијата во мракот не ја нашла дрогата, затворските полицајци и затворениците следниот ден се правдале дека барале изгубен часовник. Целиот настан го регистрирале безбедносните камери во затворот. Пандов тврдеше дека кога директорот ја прашал затворската полиција и командирот што барале и зошто барале, зошто не реагирале, објаснувањето и во нивната службена белешка било дека затвореникот Ж. Ж. си играл со кучката Цеца, а имал скап часовник. Кучката му го зела часовникот додека трчала низ тревникот и му го изгубила, па вработените за да му излезат во пресрет, го барале часовникот, рече тогаш Пандов.

Текстот Вработените во штипскиот затвор со различна верзија за дрогата, полицијата и кучката Цеца е превземен од МАКФАКС.

Share