Редовен годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО

Редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните парламентарни делегации  се одржа во Собранието на Македонија. Обраќања имаа премиерот Христијан Мицкоски и  министерот за одбрана Владо Мисајловски. Од делегацијата на Собранието во ПС на НАТО учество земаа шефот на делегацијата Драган Ковачки и заменик-шефот на делегацијата Антонијо Милошоски.

Парламентарното собрание на НАТО воспоставува суштинска врска меѓу НАТО и парламентите на НАТО нациите, обезбедува поширока транспарентност на политиките на нато и придонесува да се зајакнат трансатлантските вредности на Алијансата.