Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


На 8.мај ќе се одржи хуманитарниот концерт на Тамара Тодевска во МКЦ – картите се во продажба

На 8.мај, во Младинскиот културен центар (МКЦ), од 20:00 часот, ќе се одржи хуманитарен концерт на Тамара Тодевска, во спомен на починатите граѓани во трагедијата во Кочани, а со цел да се соберат средства за оние кои се лекуваат во Македонија и во европските земји. Картите можат да се набават од денеска преку мрежата на MK Tickets.

na-8-maj-kje-se-odrzhi-humanitarniot-koncert-na-tamara-todevska-vo-mkc-kartite-se-vo-prodazhba-01.jpg

Тамара Тодевска заедно со својот бенд се подготвува за претстојниот хуманитарен концерт за поддршка на семејствата на починатите граѓани во Кочани, како и на оние лице кои сѐ уште се лекуваат во Македонија и во европските земји.

Сакаме да Ве изестиме сите дека концертот ќе се одржи на 8 мај (четврток), од причина што Тамара со нејзиниот бенд подготвува целосно нови аранжмани на песните, кои ќе добијат една нова вредност и уникатност.

Картите ќе можете да ги набавите по електронски пат, преку MK Tickets:

Хуманитарниот концерт за Кочани ќе биде едно поинакво доживување од сите претходни мои концерти, настапи на кои сте присуствувале. Сакаме да создадеме една поинаква, интимна вечер која на достоинствен начин ќе оддаде почит на сите жртви од трагедијата во Кочани, но и ќе се потсетиме на врвните наши уметници, мои колеги и пријатели кои прерано си заминаа од овој свет..., посочува Тамара во својата објава.

Да останеме силни, да бидеме хумани и солидарни.

na-8-maj-kje-se-odrzhi-humanitarniot-koncert-na-tamara-todevska-vo-mkc-kartite-se-vo-prodazhba-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg