• Мартин Танасковски
Шпанскиот весник „Марка“ пишува дека Џанан Муса е еден од приоритетите на кошаркарскиот клуб Дубаи кој настапува во АБА-лигата, но од следната сигурно ќе биде дел од најсилното европско натпреварување Евролигата.
На вакво сценарио упатуваат одредени изјави на водечките луѓе на Евролигата во претходните недели, но и клупски челници, а сите сугерираат дека за прв пат во историјата клуб од Емиратите ќе ја игра најсилната европска клупска кошарка.
Договорот на Муса со Реал Мадрид истекува на лето и ќе биде интересно каде одличниот кошаркар ќе ја продолжи кариерата. Проблем за Дубаи можеби е тоа што Муса во последно време игра во врвна форма.