Холивудската актерка Марго Роби го очекува своето прво дете со сопругот Том Акерли.
Марго и Том прв пат се запознаа во 2013 година на снимањето на филмот "Suite Française", каде тој беше асистент на режија, а актерката ја имаше главната улога.
Популарната Barbie во една прилика за магазинот People изјави дека воопшто не сакала да биде во врска, но сето тоа се сменило кога се вљубила до Том.
"Долго време бевме пријатели. Од секогаш ми се допаѓаше, но се сакав да ги комплицирам работите. Сепак, по некое време решив да ги споделам моите чувства со него и наеднаш сè имаше смисла, како целиот мој живот да водел кон тоа."
Врската ја започнуваат во 2014 година, а две години потоа стапуваат во брак.
Според Марго, не смеете да бидете одделени од партнерот повеќе од три недели. Како што и самата вели тоа го воочила гледајќи ги другите парови во филмската индустрија.
Двојката има работено заедно на неколку проекти 'I', 'Tonya', 'Birds of Prey' и 'Barbie'.
Фото: Pinterest