55-ка за Џеј Ло!
•
24 јули 2024
На денешен ден пред точно 55 години е родена мега популарната Џеј Ло.
Таа е убедливо едно од најпрепознатливите лица на планетава, како по нејзините многубројни таленти, така и по бурниот приватен живот за којшто секогаш говори јавно.
Актерка, пејачка, танчарка, ТВ лик, продуцент, моден дизајнер, претприемач...Џенифер Лопез не застанува.
Мора да признаеме дека изгледа многу подобро од голем број помлади колешки и е голема инспирација за многумина.
За неа можеме да ја примениме изреката старее како добро вино, а во продолжение, како роденденска честитка одвојуваме неколку одлични изданија на девојката од Бронкс.
Среќен роденден Џеј Ло!
Фото: Pinterest