• Горан Упале

Sамо неколку дена откако се раздели со Шкупи, Јумеми Канда, веќе најде нов клуб и останува во Првата македонска фудбалска лига. Јапонскиот играч за врска во пролетниот дел од сезоната ќе ги брани боите на Беса, тим кој зимава доведе нов тренер и веќе се засили на неколку позиции.
„Добредојдовте Јумеми Канда!
Со задоволство објавуваме дека постигнавме договор со јапонскиот играч од средниот ред Јумеми Канда, кој ќе се приклучи на нашиот тим. Ние како клуб му посакуваме среќа и добредојде во нашето семејство“, стои во објавата на прволигашот од Добри дол.
30-годишниот Јапоneц во Шкупи пристигна во август и забележа вкупно седумнаесет настапи, во кои постигна три гола и имаше една асистенција. Канда веќе му се приклучи на новиот тим кој под водство на Горазд Михајлов во пролетниот дел од сезоната ќе има задача да обезбеди опстанок во мак-елитата.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.