Најмалку две лица беа убиени, а еден свештеник и неколку верници беа киднапирани во вооружен напад врз црква во Еруку, во централна Нигерија, соопшти денес локалната полиција, додека очевидци велат дека бројот на жртви е поголем. Портпаролката на полицијата на државата Квара, Адетун Еџире-Адејеми, изјави дека полицајците кои реагирале на пукањето околу 18 часот по локално време пронашле едно тело во црквата, а друго во блиските грмушки, објави ...
Вооружени лица упаднаа во црква во државата Квара во западна Нигерија завчера попладне и убија две лица за време на преносот во живо од службата, напад што ја шокираше јавноста и предизвика гневни реакции на платформите на социјалните медиуми. Препорачано Нападот се случи кратко откако 25 ученички беа киднапирани од интернат во државата Кемби, во северозападниот дел од земјата, во недела вечерта. Едно од девојчињата успеа да избега од ...

