ВИДЕО: За ова никој не можеше да го спаси – крвнички старт и црвен картон на Мбапе!

Екипата на Реал Мадрид минува низ турболентен период и тоа во клучниот дел од сезоната. Без победа е три натпревари во низа, а фрустрираноста кај „кралевите“ излезе на виделина и на натпреварот со Алавес, на кој црвен картон доби Килијан Мбапе.

Се играше 38. минута кога францускиот ас крвнички стартуваше над противнички играч и заслужено му беше покажан патот кон соблекувалната.

Веќе подолго време во Шпанија се шпекулира дека фудбалерите на Реал Мадрид имаат посебен третман од страна на судиите во Примера, а и да е така, по ваков груб старт Мбапе денеска никој не можеше да го спаси.