• Горан Упале

Новиот тренер на Милан, Серџо Консеисао, ги искажа своите впечатоци по ремито со Каљари. Милан го смени тренерот по лошиот старт на сезоната, му врачи отказ на Пауло Фонсека, а на негово место го назначи Консеисао, кој дебитираше во Суперкупот на Италија и им го донесе трофејот на „росонерите“.
Сепак, проблемите во Серија А продолжија, бидејќи во саботата Милан ги подели бодовите со Каљари (1-1), тим кој е во зоната за испаѓање. По натпреварот, Консеисао изјави дека играта на неговиот тим во првото полувреме била многу лоша.
„Очекував многу повеќе. Јас сум тренер тринаесет години и кога ќе го споредам квалитетот на овој тим и она што тие го покажаа во првото полувреме, ова беа најлошите 45 минути од која било од моите екипи. Во останатите бевме за нијанса подобро“, изјави Консеисао.
Милан моментално е на осмото место во Серија А, а во следното коло му гостува на Комо.