Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, на социјалната платформа Х објави дека пристигнал во Босна и Херцеговина.
„Стигнав дома во моето село. Се гледаме попладне во градот“, напиша Додик.
Стигао сам кући у село своје. Видимо се поподне у граду.
— Милорад Додик (@MiloradDodik) April 13, 2025
Да потсетиме, претседателот на РС уште еднаш ја премина државната граница и отпатува за Белград, каде синоќа и покрај босанската потерница. судството, присуствуваше на митингот „Нема да се откажеме од Србија“, кој се одржа за поддршка на актуелната власт во Република Србија.
Тој денеска во Бања Лука ќе се сретне со делегација од бизнисмени и Срби активни во српските здруженија од Австрија, како и делегација од Србија, јавува РТРС.