• Мартин Танасковски
Романската фудбалска легенда Адриан Муту можеше да има поинаква кариера, да не беше проблемот со пороците и тоа во зенитот како фудбалер. Во интервју за Телеграф, поранешниот напаѓач се потсети на проблемите надвор од фудбалот кои на крајот доведоа до кариера далеку од она што му се предвидуваше во тоа време.
„Шмркањето кокаин кога бев во Челзи беше најлошата одлука што можев да ја донесам во мојата кариера. Бев сам во Англија и тажен, но дури и депресијата низ која поминував не може да ги оправда моите постапки. Челзи, се разбира, не го толерираше мојот проблем со дрога Верувам дека во тоа време бев еден од најдобрите фудбалери во светот, да не беше кокаинот, можев лесно да ја освојам Златната топка, но лошите одлуки што ги донесов ме оддалечија од тој пат и денес се трудам да не се обвинувам премногу за тоа.“, кажа Муту.
Напаѓачот одигра 77 меча во репрезентацијата на Романија, а во кариерата покрај за Челзи имаше настапи и за Јувентус, Фиорентина, Чезена, Ажаксио... Заврши со фудбалот во 2016 година, како член на романски Таргу Муреш.