Неколку претставници на Европската централна банка сè уште се колебаат околу тоа дали да ги намалат каматните стапки следниот месец, според луѓе запознаени со ова прашање.
Креаторите на политиката, и тие кои се залагаат за поцврста монетарна политика и тие кои се за монетарно олеснување, размислуваат за пауза на состанокот на 17 април со оглед на зголемената неизвесност околу трговските политики на американскиот претседател Доналд Трамп и зголемените европски воени трошоци, велат луѓето, барајќи анонимност, повикувајќи се на доверливи дискусии.
Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Трговците ги намалија облозите за степенот на намалување на каматните стапки на ЕЦБ оваа година, што предизвика германските обврзници да ги избришат добивките. Шансите за намалување за четвртина поен во април паднаа на 65 отсто од 85 отсто претходно.
Аналитичарите анкетирани од „Блумберг“ речиси едногласно прогнозираат намалување на каматната стапка за четвртина процентен поен.
06.03.2025
Претставниците на страната која заговара олеснување на монетарната политика сè уште гледаат потреба од дополнително олеснување, но можеби нема да инсистираат на седмо намалување од јуни, доколку нивните колеги сакаат дополнително време за да ги проценат податоците, велат изворите. Тие сепак нагласија дека до средбата остануваат две и пол недели и оти мислењата сепак може да се променат.
Портпаролот на ЕЦБ одби да ја коментира евентуалната априлска одлука, укажувајќи на пристапот на централната банка од состанок до состанок.
ЕЦБ ја намали каматната стапка на 2,5 од 4 отсто бидејќи инфлацијата се приближува до целта од 2 отсто, а економијата во регионот се бори да расте. Но, по релативно непреченото функционирање досега, ставовите за 26-члениот Управен совет сега се различни.
Bloomberg
Додека креаторите на политиката беа во голема мера цврсти за нивните преференции за април, Португалецот Марио Сентено не гледа причина да се паузира со намалувањата, додека Австриецот Роберт Холцман се залага за тајмаут.
„На следниот состанок ќе се разговара за тоа колку членови на Советот кои досега се согласија со предлогот, но изразија загриженост, може да одлучат против натамошно намалување на каматните стапки“, рече тој во средината на март.
Најголемата краткорочна неизвесност произлегува од американските царини, при што Трамп треба да објави повеќе оваа недела. Иако креаторите на политиката на ЕЦБ се согласуваат дека тоа ќе го погоди економскиот раст, тие се разликуваат околу тоа дали тоа ќе ги поттикне и цените.
„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.
„СП Глобал Рејтингс“ во февруари предупреди дека Виктор Орбан се коцка со здравјето на унгарската економија со удвојување на трошоците пред изборите следната година.
Внесете ја вашата имејл-адреса на која ќе ви испратиме линк за ресетирање на лозинката.
Надминат е максималниот број уреди. Ако сте сопственик на сметката, кликнете на „Испрати најавување со е-пошта“ за да добиете е-пошта со врска за најавување. Откако ќе ја следите врската, ќе можете да управувате со уредите поврзани со вашата сметка.