• Горан Упале

На едно коло пред крајот на лигашкиот дел од натпреварувањето во Евролигата познати се сите десет екипи кои ќе го продолжат во елиминационата фаза, што преку плеј-ин, или подоцна во плеј-оф.
Тој список беше комплетиран благодарение на вечерашната убедлива победа на Виртус Болоња над Олимпија Милано во големото италијанско дерби. Тимот од Болоња пред своите навивачи го совлада големиот ривал со 90-70 и со тоа ги израдува не само своите, туку и симпатизерите на Црвена Звезда.
Имено, по вечерашниот пораз на „црвено-белите“ во драматичната партија против Ефес, на Црвена Звезда ѝ требаше победа на Виртус за да обезбеди пласман во баражот и тоа се случи на крајот.
Екипите на Олимпијакос, Фенербахче, Панатинаикос, Монако се сигурни во четвртфиналето, а Ефес, Баерн, Реал Мадрид и Барселона ќе се борат за преостанатите две места. Во плеј-ин ќе играат уште Црвена Звезда и Париз.