ГРУПАЦИЈАТА НЛБ ОД ЉУБЉАНА СО ДОБРИ ВЕСТИ ЗА СВОИТЕ АКЦИОНЕРИ: Има намера да им исплати 257 милиони евра во форма на дивиденда

Објавено во: Финансии 16 Април, 2025 09:01
Годинава НЛБ планира да издвои 50 отсто од добивката за 2024 година за исплата на дивиденда на акционерите, која изнесува 257 милиони евра или 37 милиони евра повеќе од лани. Раководството повторно ќе предложи исплатата да се изврши на две рати, а првата одлука се очекува на годишното собрание во јуни, пишува РТВ Словенија.
Во 2024 година, НЛБ исплати вкупно 220 милиони евра дивиденда на акционерите, што претставува 40 отсто од нето добивката од 2023 година. Првата рата беше одобрена од акционерите на генералното собрание во јуни, а втората во декември. И во двата случаи дивидендата по акција изнесува 5,50 евра бруто. НЛБ во февруари објави дека исплатата на дивиденда годинава ќе изнесува 50 отсто од добивката од 2024 година, објавувајќи неревидирани податоци за минатогодишното работење.
Љубљанската берза на својата веб-страница објави дека половина од минатогодишната добивка е задржана за да се подобри стапката на капиталот на крајот на годината, што значи дека 50 отсто се достапни за распределба на акционерите.
НЛБ Групацијата лани оствари нето добивка од 514,6 милиони евра, седум отсто помалку од рекордната 2023 година, но над половина милијарда евра втора година по ред.
До крајот на 2030 година се очекува профитот да порасне над една милијарда евра, најавија од банката, која го објави годишниот извештај за 2024 година, кој вклучува извештај за одржливост, за првпат изготвен согласно новата законска регулатива. Во исто време, се очекува вкупниот имот на групата да се удвои, што на крајот на минатата година достигна нешто повеќе од 28 милијарди евра.
„Неодамнешните превирања поради економската политика на САД индиректно влијаат на нашиот регион, но бидејќи преместувањето на производството во блиските земји станува сè поатрактивна опција, ние сè уште веруваме дека секое потенцијално пренасочување и прилагодување на европската економија може дури и да ги зајакне областите во кои работиме на долг рок“, пишува НЛБ.
Пословни.хрМожеби ќе ве интересира
ИМА ЛИ „ЧАД“ ОКОЛУ БАНКАТА, ИЛИ СЕ САМО СИТНИ АКЦИОНЕРСКИ ПРЕГРУПИРАЊА - се продаде нов блок на Стопанска Битола за 78 илјади евра

ПАПАТА ФРАНЦИСК ИМ ГИ НАМАЛИ ПЛАТИТЕ: Еве колку заработуваат вработените во Ватикан

ЕМ ПАРИТЕ СИГУРНО ЌЕ ИМ СЕ ВРАТАТ, ЕМ СОЛИДЕН ПРИНОС - домашните кредитори ѝ позајмија на државата над 30 милиони евра

ОСТАНУВА ТАЈНА КОЈ КУПИ 4,99 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - дали ова се можните продавачи на тој акционерски пакет

„ТИВКОТО“ БОГАТСТВО НА ПАПАТА ФРАНЦИСК: Еве како ќе се подели неговиот имот

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД ОКОЛУ 4.500 ЕВРА: Ова е најдобрата земја за преселба во 2025 година

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ КОИ ЌЕ ЛЕТУВААТ ВО ГРЦИЈА! Многумина одат на ова место, сега ги чекаат половина цени, еве за што се работи

ДУРИ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОСТАНАТ КАКО ЗАДРЖАНА ДОБИВКА - еве зошто акционерите на Стопанска банка Битола нема да добијат дивиденда

СОМНИТЕЛНИ ДЕЛОВИ, ВРАТЕНА КИЛОМЕТРАЖА: Внимавајте кога купувате половни автомобили увезени од овие земји
