26.04.2025 18:15
Вести Македонија Најважни

По две недели пауза пратениците се враќаат во собраниските клупи

На пратениците им заврши двонеделниот распуст. Од денеска се враќаат во пратеничките клупи. Пред речиси петнаесеттина дена Собранието, ја информираше јавноста дека нема да работи во знак на почит на 59 загинати во пожарот во дискотеката во Кочани.

Во соопштението од кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши пишуваше дека на координација, присутните консензуално се согласиле дека имајќи ги предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието ги откажа сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари.

Откако си доделија плус уште една недела пауза, а по жестоките критики во јавноста, од кабинетот на собранискиот спикер, повторно се јавија. Овојпат со појаснување дека работата на Собранието и пратениците продолжува во други вообичаени форми, вклучително и координација меѓу пратениците и пратеничките групи, ангажирање во подготовката и разгледувањето на предлог законите, како и состаноци на различни нивоа.

Денеска на собраниската агенда има повеќе активности. Ќе се одржат две пленарни седици, а седници ќе одржат и три комисии. Јавноста очекува да се формира и Анкетна комисија за трагедијата во Кочани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Живот во Припјат ќе биде можен по 3.000 години – 39 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Дејан Дејан

(Видео) Повеќе од 500 повредени во експлoзија во пристаниште во Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе