Изминатата недела, во Апатин, Србија се одигра Европско првенство во куглање за сениори и јуниори (до 23 години). Она што е вредно за истакнување е високото 9. место на кугларката на женкиот кугларски клуб Пелистер Пин од Битола , Стефанија Алексовска како и победите во спринт на најмладите напреварувачи Емилија Илијевска (Пелистер Пин) и Владимир Талевски (Пелистер 1982).
Игор Михајловски, тренер на женскиот клуб „Пелистер Пин“ од Битола и претседател на Македонаската кугларска федерација, за пласманот на Алексовска рече:
-На Европското првенство, Стефанија Алексовска имаше одличен прв настап и со срушени 571 дрво успеа да се квалификува во 1/8 финале како 5-то пласирана (од сите вкупно 31 натпреварувачки од 12 земји од Европа) добивајќи релативно полесен противник т.е. 12-то пласираната Aurora Pekosak од Словенија. Во директниот дуел помеѓу нив, во борбата за влез во ¼ финале, кој го играа во четвртокот, Aurora одигра одличен прв сет со што заводи со 1:0 (152:123), Стефанија го имаше вториот сет под контрола и водство, но поради неколкуте промашувања (4) кои ги направи на левата страна и даде шанса на Словенката да се приклучи во сетот, да играат кугла за кугла и во самата завршница на сетот т.е. 29 кугла Стефанија имаше десен поединец за влез во нова постава и изедначување, но за жал, деконцентрирана од неколкуте грешки во сетот, повтори уште една, 5-та грешка, што е некарактеристично за неа и прмашувајќи поединец го загуби и вториот сет (122:124). Наредните два сета Стефанија ги доби (149:140 и 137:126), но не успеа да ја стопи разликата од првиот сет и со 2:2 во сетови и -11 дрва го загуби дуелот што ќе ја носеше во ¼ финале, додава:
-Постигнатиот резултат на Стефанија, конечен пласман на 9-тото место во Комбинација на Европското првенство, за многумина одличен, е одраз на сите нејзини репрезентативни и клупски настапи, акомулираното искуство во изминатиот петгодишен период и секако нејзината воља и упорност да ги одработува напорните тренинзи правилно. Како нејзин тренер сум и помалку разочаран од овој нејзин успех, беше споремна за повисок дострел, но покрај тоа што спортската среќа не беше наш сојузник, се боревме и за нејзиното здравје пред и за време на првенството, бидејќи нејзиниот имунитет поради вирус беше опаднат што сериозно го дефокусираше нејзиното внимание и концентрација, а тоа секако и се одрази на нејзината игра. Но тоа е веќе зад нас, очекувам ова мое тврдење да го потврди Стефанија на наредно големо меѓународно натпреварување. Радува фактот што нова генерација на млади кугари како Емилија и Владимир се појавуваат, потребно е вложување енергија,време и ресурси како би можеле во иднина достоинствено своите квалитети да ги мерат на меѓународна сцена.
Во дисциплината спринт, нашите млади македонски кугларски надежи кои за прв пат дебитираа на големите натпреварувања, иако и двајцата се по 16 години и се во U19 возрасната категорија а на ова првенство куглаа со нивните повозрасни колеги од Европа, по првиот настап и импресиите од атмосферата и националниот дрес, одиграа многу квалитетно во спринт и само потврдија дека имаат потенцијал за наредните големи првенства, но и дека треба уште многу работа.
Владимир Талевски убедливо со 2:0 победи во дуелот со Zastavnik од Полска и Емилија Илијевска која водеше 1:0, па на пенали беше подобра од Poliakova од Словачка. Во втората фаза на спринтот, Емилија и Владимир загубија од своите противници со 2:0, но стекнаа драгоцено искуство кое ќе им биди неопходно во иднина.