Одлично издание на Саем на мебел 2025 со 15.000 посетители

Објавено во: Мои пари 01 Април, 2025 12:34
Годинешниот Саем на мебел, кој се одржа од 26 до 30 март во Арена Борис Трајковски, привлече бројни посетители - над 15.000 љубители на дизајнот, ентериерот и иновациите имаа можност да ги откријат најновите трендови во уредувањето на домот.
Во одлична атмосфера, посетителите можеа можеа да ја истражат богатата понуда во четири тематски зони: двор и градина, аксесоари за домот и осветлување, мебел и внатрешен дизајн и рачни изработки и пратечка индустрија.
Саемот на мебел, секоја година претставува уживање за сите љубители на дизајнот и внатрешното уредување, додека посетителите оваа година можеа во релаксирана атмосфера да уживаат во бесплатно кафе од брендот Saccaria.
Комерцијална банка, како партнер на саемот, овозможи финансиски решенија за полесна реализација на идеите за уредување.
Саемот имаше и хуманитарен карактер – дел од приходите од влезниците беа донирани во Фондот за солидарност на Црвениот крст, како поддршка за семејствата на загинатите и повредените во трагедијата што го погоди Кочани. За времетраењето на саемот беа поставени и специјални кутии за донации од Црвениот крст, овозможувајќи му на секој посетител да даде свој придонес во хуманитарната акција.
Можеби ќе ве интересира
Samsung претставува визуелна вештачка интелигенција во реално време на серијата Galaxy S25 со Gemini Live надградба

ЕДС именува нов генерален директор кој ќе ја води компанијата во нова ера на раст и иновации

„Арс Ламина“ го распиша литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“ за 2025 година

Моќта на зелената терапија - македонските планини може да бидат лек за стресот

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧЕ ВАСИЛЕВ ОД СКОПЈЕ СТАНА МИЛИОНЕР И ОСВОИ 1.642.577 ДЕНАРИ

Иван Ивачковиќ: „Панонскиот адмирал“ е споменик на уметноста на Ѓорѓе Балашевиќ

„Аџибадем Систина“ започна со инсталирање на нов апарат за зрачна терапија

ДОНАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ: НОВО ВОЗИЛО ЗА БРЗА ПОМОШ ПОДАРЕНО ОД „ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ“, „АУТОМОТИВ ГРУП“ и „СОНИКС“
