Connect with us

Банки

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Објавено

на

Светската банка изрази задоволство од приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) и од напорите коишто ги вложи Народната банка за постигнувањето на оваа цел. Членството ќе донесе повеќе придобивки за целокупната економија, а најголема придобивка ќе имаат граѓаните и компаниите. За натамошни придобивки важно е земјата да се приклучи и кон регионалниот проект за инстант плаќања којшто го предводи Централната банка на Италија и којшто е дел од Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија.

Ова беше истакнато на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, директорката за Западен Балкан на Светската банка, Шиаочин Ју и директорот за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, на кој присуствуваа и вицегувернерката Емилија Нацевска, генералната директорка за супервизија, Викторија Глигорова и секторската директорка за монетарна политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева-Терзијан. На средбата беше нагласена посветеноста на Народната банка и инволвираните институции во земјава, коишто со поддршка на експертите од Светската банка напорно работеа на забрзување на процесот на интеграција на земјава во платежната инфраструктура на Европската Унија, преку приклучување кон СЕПА.

На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност за постојаната поддршка којашто Светската банка ни ја даваше во целиот процес, со што ефективно се усогласија националните со регулативите и практиките на ЕУ и СЕПА, при што нашата земја стана 39 членка на СЕПА.

На состанокот стана збор и за натамошна модернизација на платните системи и натамошни придобивки за граѓаните, особено преку приклучување кон проектот којшто го спроведува Централната банка на Италија, а е наменет за сите земји од Западен Балкан. Се работи за воспоставување систем за инстант плаќања како клон на системот ТИПС со кој управува Европската централна банка (ЕЦБ). Системот ќе овозможи инстант извршување на домашните плаќања во кое било време од денот во текот на годината во секоја од земјите, како и на нивните меѓусебни плаќања и на плаќањата со земјите од ЕУ. 

Во изминатите три децении, Светската банка ѝ е значајна партнерка на Народната банка, којашто дава техничка помош преку повеќе проекти за дополнително јакнење на капацитетите на земјава и на централната банка и за одржување на макроекономската стабилност. Светската банка ѝ даде поддршка на Народната банка во подготовката на тригодишниот план за зелени финансии, изработката на макропрудентната стратегија и зајакнувањето на рамката за системски ризици, како и за изработката на подзаконската регулатива за решавање банки.

Банки

Годишен раст на зелените кредити од 8,5% заклучно со 2024 година

Објавено

на

Податоците за зелените кредити доставени од банките покажуваат раст во четвртиот квартал од 2024 година. На крајот на декември 2024 година, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 2,3 милијарди денари, или 8,5%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 4 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што се инвестициите во нова еколошка технологија.

Според податоците на Народната банка, на крајот од четвртото тримесечје од 2024 година, состојбата на зелените кредити во билансите на банките изнесува 29.177 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Зелените кредити одобрени на компаниите, коишто на крајот на 2024 година изнесуваат 28.032 милиона денари, преовладуваат во вкупното зелено кредитно портфолио на банките.

Уделот на зелените во вкупните кредити на крајот на 2024 година изнесува 6%, што е речиси тројно зголемување во однос на крајот на 2019 година, кога изнесувале 2,2%. 

Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки.      

За таа цел, Народната банка на својата веб-страница од 2022 година почна да објавува и квартални податоци за кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва, коишто можете да ги најдете на следнава врска: https://www.nbrm.mk/podatotsi_i_pokazatieli_za_bankarskiot_sistiem_na_riepublika_makiedonija.nspx 

Продолжи со читање

Банки

Станбен кредит од Комерцијална банка со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена

Објавено

на

Домот е многу повеќе од ѕидови и покрив – тоа е местото каде што се создаваат најтоплите спомени, каде што секој ден започнува со сигурност и завршува со мир. Промотивната понуда на Станбениот кредит на Комерцијална банка ќе ти помогне побрзо и полесно да стигнеш до твојот нов дом.

Станбениот кредит е со пониска каматна стапка и промотивно до 30.04.2025 без трошоци за одобрување, администрирање и процена. Со оваа понуда Комерцијална банка ти овозможува бројни поволности за остварување на една од твоите најголеми животни желби.

Станбениот кредит има фиксна годишна каматна стапка од 3% за првите пет години. Достапен е и со опција за вклучено животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје, а сѐ со цел да добиеш финансиско решение кое ќе ги задоволи и твоите желби и твоите можности.

Кредитот е наменет за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

Преку следниот линк дознај повеќе за Станбениот кредит на Комерцијална банка, пресметај рата и поднеси податоци за нашите вработени да те контактираат.

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Придобивка повеќе за корисниците на НЛБ haPPy, единствената кешбек картичка – Намалена каматна стапка на безготовински трансакции

Објавено

на

Единствената картичка на пазарот со загарантиран поврат на средства со секоја направена безготовинска трансакција на продажно место во земјава и странство, и единствената картичка со која и кога пазарувате – заштедувате, во неколку месечниот промотивен период добива уште поголема вредност, овозможувајќи им на оние кои ја поседуваат опуштено пазарување и правејќи ја најдобриот пријател на нивниот џеб.

Имено, од почетокот на април па сè до 31 јули годинава, НЛБ Банка ја намалува каматната стапка на трансакциите направени со НЛБ haPPy картичката. Намалената каматна стапка која во промотивниот период изнесува 8,9% се однесува на сите безготовински трансакции направени со НЛБ haPPy картичката на ПОС терминали, но и при он-лајн пазарување.

За потсетување, НЛБ haPPy картичката е кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard со меѓународна важност која може да се користи секојдневно. Со НЛБ haPPy, за секоја трансакција направена на продажно место клиентите на Банката добиваат поврат на средства до 12% од износот на трансакцијата во рамките на партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити која брои преку 250 трговци и над 1.000 продажни локации, во повеќе од 25 различни дејности. Клиентите добиваат загарантиран cashback и надвор од партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити во висина од 0,6% од прометот реализиран на продажни места во земјата и во странство.

Програмата за лојалност ги обединува водечките трговски брендови во Македонија чиј продажен асортиман во најголема мера ги задоволува секојдневните потреби, па така сосема доволно е клиентот да ја поседува кобрендираната НЛБ haPPy картичка во својот паричник. Минималниот месечен износ за отплата на картичката изнесува 5% од вкупните доспеани обврски, а НЛБ Банка овозможува бескаматен грејс период за отплата на средствата до 45 дена.

Прочитајте повеќе на www.happycard.mk и аплицирајте за НЛБ haPPy картичките во која било од експозитурите на НЛБ Банка низ државата или во продажните салони на Нептун Македонија.

Продолжи со читање

Популарно