• Мартин Танасковски
Ракометната репрезентација на Хрватска одигра според планот и славеше убедливо над Бахреин (36-22) во првото коло на Светското првенство (СП) кое „коцкестите“ го играат на домашно тло.
Фаворитот на хартија ја оправда улогата во целост и го продолжи трендот на победи на отворањата на светските шампионати. И во двете полувремиња избраниците на Сигурдсон беа сигурни и надмоќни во однос на ривалот.
Шоштариќ имаше седум гола за Хрватска, пред Главаш со пет, а Јелиниќ, Мараш и Лучин стрелаа по четири пати. Кај Бахреин, Еид имаше шест, а Алшери пет гола.
Во претходниот меч од Групата Х, репрезентацијата на Египет ја победи Аргентина (39-25). Во следната рунда Хрватите играат со Аргентина, додека Египет оди на мегдан со аутсајдерот во групата Бахреин.