Фруитленд Борец со трио нови бекови ќе брка опстанок

Велешкиот тим сериозно се подготвува за вториот дел од сезоната и во своите редови донесе тројца ракометари кои ќе внесат дополнителен квалитет и свежина во составот.

Првиот е Бобан Петров (21, среден бек) – велешанец кој својата кариера ја започна во школата на Велес 2009, а потоа замина во Германија каде настапуваше за вториот тим на Кил и ЛХЦ Корбус. Неговиот татко, Каме Петров, беше дел од шампионската генерација на Борец, а сега Бобан го продолжува семејното наследство во црвено-синиот дрес.

Новитет во тимот е и Марио Миланов (23, среден бек) – доаѓа од Голден Арт и ќе биде дополнителна креативна сила во играта на тимот. Има и едно странско засилување, тоа е Габриел Гуедеш Черубим (23, десен бек) – Бразилецот пристигнува од Осакса и е подготвен да ја зајакне офанзивната линија на Фруитленд Борец.

Со овие три засилувања, Борец влегува во пролетниот дел од сезоната уште посилен и подготвен за нови предизвици.