Дербито помеѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид ќе се игра пред полни трибини во Битола, откако шампионот соопшти дека ги продал сите билети за овој натпревар.
„Боро Чурлевски“ ќе крца во недела во 18 часот, и тоа ќе биде вистински празник на ракометот. Пред овој меч имаше „војна“ со соопштенија, односно Еурофарм Пелистер порача Алкалоид да не прави притисок врз судиите пред мечот. Со соопштение претходно се огласи и Вардар.
Ова ќе биде натпревар од 3. коло во плеј-офот на Суперлигата. Битолчани имаат максимални две победи, додека избраниците на Кире Лазаров една победа и еден пораз, оној од Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА