Трагедијата во Кочани во фокус на средбата на Сиљановска-Давкова и Радев, разговарале и за евроинтеграциите

Трагедијата во Кочани била во фокусот на средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со својот бугарски колега Румен Радев во рамки на состанокот „Акаба процес Балкан III“ во Софија.

Оддавајќи му признание на Радев, претседателката истакна дека тој бил првиот претседател којшто ѝ се јавил утрото по трагедијата во Кочани и ѝ понудил секаков вид помош. Во изјавата за медиумите, Сиљановска-Давкова во оваа смисла ја истакна важноста од напливот на солидарност и хуманизам во овој, како што рече, ужасен свет.

Рече дека за време на престојот во Софија ги посетила повредените од пожарот во Кочани во болницата „Пирогов“.

Освен за трагедијата во Кочани, на средбата се разговарало и за одблокирање на евроинтегративниот пат на земјава, а во таа насока двајцата заклучиле дека се неопходни позачестени средби. Во оваа смисла, претседателката рrече дека се можни компромиси и оти очекува исчекор по однос на ова прашање.